МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Ние ќе бидеме сериозен фактор на македонската политичка сцена
Кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски ја отфрли можноста за коалицирање и соработка со СДСМ на претстојните избори. Тој вели дека неговото движење ЗНАМ сака да се профилира како самостоен политички субјект и затоа исклчува соработка со неговата поранешна партија.
Димитриевски вели дека ќе бидат партијата од центарот но по однос на социјалните политики ќе делуваат левичарски.
„Политичките аналитичари кои заземаат една или друга страна тврдат дека ќе бидеме спасители на СДСМ. Но не, ние ќе бидеме спасители на Македонија“, рече Димитриевски.
Toj очекува да постигнат сериозен резултат на изборите.
Тој за првпат откри дека неговата партија ќе има кандидат за претседател на државата и пратенички листи во сите изборни единици, но дали тој лично ќе се кандидира сѐ уште нема одлучено.
Во однос на Левица, кажа дека имаат различни ставови.
„Со Левица сме спротивни политички, многумина не споредуваат, но тие си имаат свој концепт. Нашиот концепт се стратешките определби на Македонија, а тоа се НАТО и Европската Унија и не размислуваме за други алтернативи“, кажа Димитриевски.
Тука додава дека Левица има поинакви ставови.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски
