Димитриевски: Необољшевиците го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за „Фокус“ упати остри критики кон СДСМ, оценувајќи дека партијата продолжува со, како што рече, старата матрица на политички спинови и дефокусирање на јавноста од сопствените проблеми.
Димитриевски изјави дека обидите за создавање приказни за наводни незадоволства и поделби во ЗНАМ се дел од политичка стратегија на раководството на СДСМ.
„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“, истакна Димитриевски.
Тој нагласи дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет и јасна визија, додавајќи дека движењето не функционира како привезок на туѓи политики.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски
