Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски му прати и подарок на Каракачанов

Максим Димитриевски му прати и подарок на Каракачанов

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски му прати протестно писмо на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

Тој му го врати одренот кој претходно го добил од Каракачанов, а му прати и подарок. 

„Моето протестно писмо до Красимир Каракачанов е испратено заедно со орденот и прилог скромен подарок до него - книга „The Soul of Macedonia" од авторот Наце Попов во која сликовито е прикажана и објаснета духовната убавина на нашата држава и народ. Се надевам дека истото ќе даде допринос за поголемо взаемно вреднување и почитување а воедно и осознавање“, пишува Димитриевски на Фејсбук. 

Тој претходно кажа дека закани се неприфатливи во 21 век и дека тоа не оди во прилог на добрососедство. 

Каракачанов кажа дека ќе прател полк во Скопје да ги урне спомениците. 


Ова го налути кумановскиот градоначалник и тој реагираше. 

Димитриевски го доби орденот од 100 годишната од Првата светска војна во 2017 година.

Слично

Поврзани вести