Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Македонија се трансформира во приватна држава

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Македонија се трансформира во приватна држава

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски вели дека Македонија во моментов се трансформира во приватна држава и треба да се влезе во процес да се ослободи.

Рече дека живееме во екстремно централизирана држава каде што локалните власти немаат големи можности за да манифестираат и реализираат сериозни проекти. Димитриевски кажа дека парите генерално се централизирани во државата, а централната власт максимално од ден во ден ги злоупотребува со голем број на афери коишто се секојдневие. 

„Македонија во моментов се трансформира во приватен облик на владеење, приватна држава”, изјави денеска градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новиот политички субјект ЗНАМ- За наша Македонија. 

Како што кажа Димитриевски, загрижувачки е фактот што Македонија како држава се претвори во апартхејд и токму поради начинот на владеење од актуелните политички структури. Тој е критичар на власта. Вели дека тоа што некои го изедначуваат патриотизмот со национализмот е нивни проблем. 

Слично

Поврзани вести