Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски ќе трча за трет мандат во Куманово

Максим Димитриевски ќе трча за трет мандат во Куманово

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија,  Максим Димитриевски и официјално е кандидат за градоначалник за Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Движењето ЗНАМ - За наша Македонија започнува ново поглавје во своето политички делување. Нашите претставници во локалната самоуправа покажаа како вистински се управува со општините“, изјави портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов. 

На Извршниот и Централниот одбор вечерва е одлучено  ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини.

фото Фејсбук/Максим Димитриевски

Слично

Поврзани вести