Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски и Атина Мургашанска нема да бидат нови членови на ЦО на СДСМ Куманово

Максим Димитриевски и Атина Мургашанска нема да бидат нови членови на ЦО на СДСМ Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот Атина Мургашанска нема да бидат нови членови на Централниот одбор на СДСМ Куманово.

„Кумановски муабети“ дознава дека на општинска конференција при гласање за нови кандидати се елиминирани и останати луѓе од партијата блиски до Димитриевски и Мургашанска.

Предлозите за кандидати како Оливер Спасовски (актуелен министер на МВР), Мартин Костовски и Лидија Тасевска (актуелни пратеници во Собрание на РСМ) биле прифатливи, но меѓу кандидатите не се нашол Димитриевски.

Атмосферата на самата онлајн-конференција била тензична, а Димитриевски ја напуштил седницата.

Градоначалникот на Куманово одбива да дава коментари и само кусо рекол дека во внатрепартиски процедури ќе се расправа за постапката.

Димитриевски е најдобро рангиран градоначалник од редовите на СДСМ. Локалните избори во Македонија треба да се одржат наесен.


Слично

Поврзани вести