МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ГО ПРЕТСТАВИ „МАНИФЕСТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА“: Кои се петте приоритети?
„Максимум за Македонија“ е мотото на караванoт на претседсателскиот кандидат Максим Димитриевски, а „Манифест за Македонија“ е насловот на програмата,
Документот содржи пет стратешки начела и пет приоритети. Првиот е формирање на специјален експертски ЕУ тим за адаптација на преговарачката рамка со фокус на историските прашања, вториот формирање на специјален правен тим за неправдите врз македонските организации во Бугарија.
Во приоритетите на Димитриевски е избор на јавен обвинител со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од шест години. Ќе бара и уставни измени кои би спречиле апсолутна застареност на кривичните дела сторени од страна на државни функционери.
„Трет приоритет, во првите 200 дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите во преамбулата со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила истиот момент кога МК ќе стане полноправна членка на ЕУ“, изјави Димитриевски.
Караванот со пораките на претседателскиот кандидат на движењето ЗНАМ ќе заврши во Струмица на 22 април. Димитриевски најави и два помасовни собири во текот на кампањата.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски
