Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски: Добив кривична пријава за самоизолација, а се дозволувале посети во модуларна болница

Максим Димитриевски: Добив кривична пријава за самоизолација, а се дозволувале посети во модуларна болница

Максим Димитриевски, независниот кандидат за градоначалник на Куманово, во емисијата „Што не е јасно“ рече дека држават не смее да ја испушти контролата кога станува збор за мерките против ширењето на Ковид-19 и да пропушта посети во карантини како во случајот со модуларната болница во Тетово.

Кумановскиот градоначалник наедно ја поздрави и одлуката за оставка на министерот за здравство Венко Филипче по страшната несреќа која се случи во Тетово.

„Ја поздравувам оставката, но инсистирам да има по линија на одговорност и надлежности, бидејќи таму имаме жртви. 14 починати се потврдени, се шпекулира во јавноста дополнително уште една. Не знам дали ќе се потврди тоа, но како и да е имаме жртви, луѓе кои се испратени на лекување, а всушност завршија како што завршија. И ние можеме само да почувствуваме малку од тоа што го чувствуваат семејствата на тие луѓе. Дополнителна одговорност е како тоа луѓе кои не биле ковид позитивни биле внатре во тој комплекс којшто требал да биде во комплетен карантин, бидејќи ако се сеќавате своевремено јас бев повикан на одговорност и имав кривична пријава само затоа што со ковид возило сум го напуштил домот кога сум бил во самоизолација да се тестирам, а денеска гледаме како ковид позитивни се шетаат по улица бидејќи работата ни излезе од контрола. Но, тоа е. Мора да има одговорност за овој случај“, рече Димитриевски.

Тој очекува победа уште во првиот круг на локалните избори. Независната кандидатура ја поднесе уште СДСМ официјално да одлучи да не му ја даде поддршката.


Слично

Поврзани вести