МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ДЕМАНТИРА ДОГОВОР СО ЛЕВИЦА: Граѓаните го знаат мојот космополитски однос
Најостро ја демантирам оваа лажна вест како и многу други невистини кои се креираат од страна на штабот на Илиевски а имаат за цел да наштетат на мојот личен углед и интегритет како и на граѓанскиот концепт "За наше Куманово", објави денеска Максим Димитриевски, актуелниот и кандидат за градоначалник на Куманово споделувајќи вест на медиум во која се тврди дека имал некаков договор со лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
- Овој портал и многу други платени портали во текот на целиот изборен процес наменски лиферуваат лажни вести со цел да ми наштетат во кампањата но сепак уверен сум дека граѓаните ме познаваат добро и мојот космополитски и толерантен однос како градоначалник на сите кумановци, вели Димитриевски.
Во објавата на Пацензуре се тврди дека тој и Апасиев договориле да се намалува повикот за молитва од кумановската џамија.
