МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: За жал, постапката за имунизација е спора, а и граѓаните се опуштија
Кумановскиот градоначалник, кој најавува дека има амбиции да трча за нов мандат за градски татко на Куманово, вели дека во неговиот град се зголемува бројот на заразени од коронавирусот, а како причини ги наведува спората имунизација, но и опуштеноста на граѓаните, што, како што вели, е појава кај поединци.
„Ние како Општински штаб за заштита и спасување, информациите ги споделуваме на дневна и на неделна основна. За разлика од петата недела во оваа година кога бројката беше 74 позитивни, но последната недела бројките отидоа на 195. Алармот никогаш не бил исклучен, но за жал и постапката за имунизација која е спора, но и опуштањето на граѓаните си ги покажува своите ефекти. Мерките и правилата мора да се почитуваат“, изјави во Утрински брифинг градоначалникот Димитриевски.
„Имам амбиции да трчам за нов мандат, но граѓаните се тие кои го даваат мандатот, а партиите се тие кои што даваат поддршка. Јас верувам дека мојата партија ќе ми даде целосна поддршка, бидејќи истата ја чувстувам од граѓаните“, вели Димитриевски.
