Макрон одбива секакво проширување на ЕУ додека не се реформираат
Франција е против проширување додека Европската Унија не се реформира.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон го критикуваше отсуството на договор во рамки на ЕУ за распределбата на водечките функции во Унијата и повторно повика на институционални реформи во Унијата.
„Мораме да ги поедноставиме процедурите за да бидеме побрзи, посилни и заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум во врска со приказните за тоа дека иднината на ЕУ е во нејзиното проширување, во ситуација кога гледаме дека ние 28 не можеме да се договориме. Го одбивам секое проширување пред да биде спроведена длабока институционална реформа во ЕУ“, изјави Макрон.
Вели дека неможноста да биде постигнат договор помеѓу земјите членки го доведува под прашање кредибилитетот на Унијата и дава лоша слика за Европа.
Kaj Франција извесно време постои скепса за проширувањето. Македонија и Албанија чекаат датум за старт на преговори и се надеваат дека ќе го добијат во октомври.
