Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон ќе ја тргне блокадата за Скопје и Тирана?

Макрон ќе ја тргне блокадата за Скопје и Тирана?

Советник на Макрон најавува дека Франција може да ја тргне блокадата за Македонија и Албанија. 

Одвојување на Тирана и Скопје нема да има. 

Oва го тврди Клемент Боне, советник на францускиот претседател, Емануел Макрон.

Вели дека откако Велика Британија ја напушти ЕУ, Франција сака повеќе да се фокусира на истокот. 

„После Брегзит, повеќе од било кога е важно да се надминат разликите внатре во унијата и да се фокусираме на она што не поврзува“ – изјавил Боне за германски Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Кажа дека Македонија и Албанија нема да имаат посебен третман, оценувајќи дека Париз сака да поттикне стабилност во регионот.

Откако Македонија не доби датум минатата година во Брисел, Макрон изјави дека албанските јазични заедници се насекаде. Според него, доколку ја понижат Албанија, ќе направат трајна дестабилизација на регионот. 

Европската комисија на петти февруари ќе излезе со одговор на предлогот за нова методологија за проширување што ја даде Франција. Тоа, всушност, ќе биде одговор на францускиот нонпејпер од пред два и пол месеци. 

Одлуката за преговори со Северна Македонија и со Албанија се очекува на состанокот во Загреб во март. 

Велика Британија веќе ја напушти Европската Унија. 

Слично

Поврзани вести