Макрадули во Бон ќе каже што Македонија направила за Климатскиот договор
Јани Макрадули ќе биде владиниот претставник на Република Македонија на годишеншната Конференција за климатски промени при Обединетите нации која се одржува во Бон.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, од денеска до 18-ти овој месец ќе престојува во Бон, Германија, каде што ќе учествува на 23-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени (COP23).
Макрадули, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, во своето обраќање ќе ги истакне очекувањата на Република Македонија од конференцијата и ќе информира за напредокот кој го прави државата во врска со спроведувањето на Договорот од Париз.
Земјите кои го потпишаа Договорот за климатски промени во Париз се обврзаа да ги намалат емисиите на јаглерод диоскид во атмосферата и да ја намалат зависноста на енергијата од фосилните горива. Македонија има производство на струја кое се базира претежно на јаглед и има огромно количество на загадување со ЦО2.
