Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрадули вели дека има многу повеќе пари против загадувањето

Макрадули вели дека има многу повеќе пари против загадувањето

Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина, за емисијата „24 Отворено“ на 24 Вести изјави дека вкупните средства, според него, распределени низ сите министерства и управни органи е 24 милиони евра во борбата против загадувањето на животната средина, а со тоа и загадениот воздух.

Ресорот на Макрадули инаку има на располагање два милиони евра предвидени во буцетот за 2019-та, зџа кои признава дека не се доволни за решавање на овој проблем.

„Два милиони евра не се доволни. Но, затоа е ставено да биде стратешка програма на Владата. Реални да бидеме, има уште 24 милиони евра во рамки на буџетот, со коишто активности се придонесува. Би бил среќен овој план да беше донесен пред десетина години. Ова не е еколошка акција, туку треба да е заедничка акција“, рече Макрадули.


Слично

Поврзани вести