ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРАДУЛИ: Насилството врз Арсовска е само уште еден, во низата порази, на сите полиња на премиерот Мицкоски…

МАКРАДУЛИ: Насилството врз Арсовска е само уште еден, во низата порази, на сите полиња на премиерот Мицкоски…

Јани Макрадули од СДСМ реагира дека денешниот напад врз скопската градоначалничка Данела Арсовска во Чаир е уште еден пораз на премиерот Христијан Мицкоски. 

„Денешните, за жал, насилни случувања поврзани со градоначалничката на Скопје е само уште еден, во низата порази, на сите полиња на премиерот Мицкоски…“, пишува тој на Фејсбук. 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Велат дека овој брутален напад е последица на атмосферата на страв и беззаконие што ја создава оваа власт.

АФЖ Левица најостро го осудува бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и врз службите на Градот кои на лице место беа изложени на вербални навреди и физичко насилство со клоци и тупаници.

Демократската унија за интеграција најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кој се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир.

Арсовска заврши во болница, а потоа кажа дека маж во Чаир ја нападнал, ја удирал со клоци и се заканувал по нејзиното семејство. 

Таа веќе подолго време реагира за дивоградби и други неправилности во Чаир, што резултираше со напад. 

ad
Слично

Поврзани вести