Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Макпетрол“ го заложи хотелот и земјиште за кредит

„Макпетрол“ го заложи хотелот и земјиште за кредит

Врз основа на нотарски акт - договор за залог Макпетрол АД како заложен должник повлекува 3.100.000 евра од заложниот доверител Халк Банк АД од рамковен револвинг кредит-лимит.

Како залог „Макпетрол“ на банката го остава хотелот на патот кон Струга крај Охридското езеро, односно во Калишта, односно првиот кат со 1.030 м2, вториот кат со 548 м2, третиот кат од 558 м2, приземје од 868 м2 со сите сегашни и идни прирастоци и припадоци заради обезбедување на паричното побарување кое произлегува од договорот.

Покрај тоа, „Макпетрол“ заложува и пет парцели во местото викано Еленица, исто така во Калишта, со површини од 19.519 м2, 1.150 м2, 236 м2, 8 м2. и 192 м2.

Договорот за заложно право е регистриран на 20 јуни.

Слично

Поврзани вести