Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонското знаме повеќе не е забрането на „Австралија опен“ по реакцијата на МНР

Македонското знаме повеќе не е забрането на „Австралија опен“ по реакцијата на МНР

Македонското министерство за надвпрешни работи реагираше до австралиското МНР и организаторот на големиот тениски гренд-слем турнир „Австралија опен“, каде што официјалното македонско знаме се најде како забрането, покрај она од Кутлеш, палестинското, тајванското, руското, израелското и ред други.

Македонското МНР реагирало преку амбасадата во Канбера, а одговорото кој бил добиен гласел дека се работи за ненамерен технички пропуст кој не довел до ефективни ограничувања.

„Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања“ се вели во соопштението на македонското МНР.

Фотографија од македонското државно знаме, можеше да се забележи, вчера, 14 јануари, на првиот ден од годинешниот гренд слем, на листот хартија прикачен на камерата на снимателите на Австралија опен во КИА арената, заедно со неколку други знамиња, за кои претходно беше објавено дека се забранети на турнирот.


Слично

Поврзани вести