Македонското здравје падна за 12 позиции
Македонското здравје падна за дури 12 позиции на светската листа на Блумберг за 2019-та, што е најголем пад од сите земји во регионот. Во истражувањето се земаат и економските фактори, а се користат податоци од Светската здравствена организација, ОН и Светска Банка.
Македонија има пад од 44 на 56 позиција со загубени -5,53 индексни поени. Македонија сега е зад Србија, која напреднала за две места, а од 41 до 43 место се Црна Гора, БИХ и Албанија.
Во првите десет се Шпанија, Италија, Исланд, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Австралија, Сингапур, Норвешка и Израел.
Во бодувањето се земаат голем број индикатори како што се нивото на холестерол, прекумерна тежина, покриеност на имунизацијата, пушењето, крвен притисок, години на пензионирање итн.
