Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКО СУДСТВО-НАРОДНА ГОЛГОТА: Паланчанец осуден на три месеци затвор оти украл 8 тегли ајвар

МАКЕДОНСКО СУДСТВО-НАРОДНА ГОЛГОТА: Паланчанец осуден на три месеци затвор оти украл 8 тегли ајвар

Долготрајни судски процеси, одложени постапки, укинати пресуди и повторно враќање на почетокот на голготата – години наназад проблеми со кои се соочува македонското судство.

Но, најболна точка од сето тоа е неправдата и нееднаквоста пред судот за обичните граѓани.

И додека се изнаслушавме како се местеле судски процеси, апсења, и се правеле криминали, за кои суд во државата изгледа воопшто не постои, Судот удри врз обичните граѓани за кои штедње нема.

Прост последен пример за погоренапишаното е осудата на жител од Крива Паланка за кражба на осум тегли домашен ајвар и слатко, како и за три шишиња сок.

Вест ја објави оваа сторија, а ја пренесоа поголемиот дел од медиумите, уште еднаш ги отвори небулозите на македонското судство.

За кривичното дело тешка кражба Паланчанецот Н.С. е осуден на казна затвор во траење од три месеци.

Казната е условна, тоа значи дека во следниот период паланчанецот ако направи исто или слично дело ќе мора да ја одлежи. 

„Кражба си е кражба, а македонските закони и судии се ригорозни кога е во прашање правдата“, пишуваат пак провладините портали пренесувајќи ја оваа информација, но забораваат да споменат дека пред правдата сите треба да се еднакви.

Слично

Поврзани вести