Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско гратче во кое наврнаа 100 литри дожд на метар квадратен

Македонско гратче во кое наврнаа 100 литри дожд на метар квадратен

Најмногу дожд до седум часот наврнал во Демир Капија околу 100 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка два литри на метар квадратен.

Во Гевгелија наврнале 96 л/м2, во Дојран 81, Петровец кај Скопје 43, Маврово 28, Струмица 26, Зајчев Рид кај Скопје и Пожаране 24, Ѓуриште 23, Прилеп 21, Лазарополе 20, Крушево и Претор 16, Куманово 14, Тополчани 13, Тетово 12, Штип 10, Берово 9, Дебар 8, Виница 6, Охрид 5 и Битола 4.

Насекаде низ Македонија утринава врне дожд, а пообилни се врнежите во југоисточните и централните делови. Во крајните источни делови времето е само облачно и нема врнежи од дожд.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 14 степени.

Слично

Поврзани вести