Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско-естонски бизнис форум

Македонско-естонски бизнис форум

 Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Естонија, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, организираат Бизнис форум и деловни средби.


Бизнис форумот и деловните средби ќе се одржат во рамките на посетата на бизнис делегацијата од Република Естонија, предводена од H.E. амбасадорот Вајно Реинарт, потсекретар за развој и економски работи на Министерството за надворешни работи на Р. Естонија, а во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија. Како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни естонкси бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од областите:

• земјоделство, прехранбен сектор; 
• кетеринг и угостителство; 
• информатичка технологија - софтверски решенија: 
 управување со клиенти; 
 одбрана; 
 транспорт и логистика;
 комунални дејности;
 банки, штедилници и осигурителни компании;
• консултантски услуги.

 Бизнис форумот и деловните средби ќе се одржат на 12 март 2018 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија,  сала 4 на 5-ти кат.

Слично

Поврзани вести