Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ ОД ТИРАНА: Албанскиот Институт за статистика го коригирал зборот „северномакедонци”

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ ОД ТИРАНА:  Албанскиот Институт за статистика го коригирал зборот „северномакедонци”

Албанскиот Институт за статистика го коригирал зборот „северномакедонци” со Македонци во целиот материјал за пописните резултати. 

Македонското друштво „Илинден” – Тирана попладнево објави дека албанскиот Институт за статистика ги информирал дека во целиот материјал за пописните резултати зборот „северномакедонци” го коригирал со Македонци.

„Ова е уште еден успех на друштвото, по нашето барање доставено на 10-ти минатиот месец до Институтот за статистика каде најостро ја осудивме злоупотребата на терминот „северномакедонци“ од Институтот за статистика за македонското национално малциство, кое од секогаш е признато во Република Албанија“, стои во објавата на друштвото.

Во објавата се додава дека Институтот за статистика на Република Албанија „позитивно одговорил на барањето и во целокупниот материјал за пописните резултати сега стои Македонци”. Пописот беше спроведен лани. 

Слично

Поврзани вести