Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските возачки реципрочно признаени во Косово, за во Германија ќе почекаме

Македонските возачки реципрочно признаени во Косово, за во Германија ќе почекаме

Со цел да се олесни движењето на граѓаните, Владата вчера го усвои Извештајот за извршени преговори меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Со прифатениот усогласен текст на Договорот меѓу државите реципрочно се признаа возачките дозволи.

Според Владата ова олеснување ќе придонесе и за значително безбедноста на патниот сообраќај.

Македонија односно МВР, има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Освен тоа врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај (1968 година) меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија како и со Австрија (Б категорија).

За Германија ќе почекаме

Сепак македонските граѓани во Германија ќе почекаат да се усогласи билатералниот договор меѓу двете земји кој ќе им овозможи признавање на нивните матични возачки дозволи.

На вчерашната владина седница е кажано дека за воведување на реципрочно признавање на возачки дозволи во Германија во престојниот период ќе се земе предвид.

МВР пак неодамна соопшти дека е доставе­но барање за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно со Виенската конвенција до уште 29 држави, со кои се водат постапки за меѓусебно регули­рање на оваа обврска.

Слично

Поврзани вести