Македонските војници ќе се „изнавежбаат“ со елитата од регионот и Германија
Македонските професионални војници во наредниот период ќе може да ги усовршат своите борбени способности на серија на заеднички воени вежби со најдобрите армии од регионот, како и со германската армија, што е дел од заложбите за подобрување на борбената подготвеност и усогласување на сојузничките армиски проекти.
„Владата разгледа и донесе повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовни активности како што се „COMBINED RESOLVE-X“, во Сојузна Република Германија, „BGR-MKD SOF JCET 18“, во Република Бугарија, „BGR-MKD SOF JCET 18“, во Република Бугарија, „EAGLE-VI, во Република Косово, и на вежбовната активност „ADRIATIC STRIKE 2018“, во Република Словенија“, соопштија од Владата на Република Македонија.
АРМ ќе испрати свои војници во веќе постоечките воени мисии кои се дел од присуството на НАТО во регионот, на Блискиот исток како и на мировните ангажмани со што ќе прикаже сериозна подготвеност да стане полноправна членка на Алијансата во најбрз можен рок, секако штом се постигне политички договор.