МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ СО ДЛАБОКО СОЧУВСТВО ДО БРИТАНИЈА - поддршка за нашиот долгогодишен пријател Кралот Чарлс
Се огласи Владата по смртта на кралицата Елизабета.
Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II.
Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.
Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трас, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.
Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство по смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.
„Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации“ порача Пендаровски.
Елизабета Втора почина во замокот Балморал на 96-годишна возраст. Веста ја потврдија од кралското семејство.
