Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските села стареат и изумираат: Годинава нема да се гласа дури во 90 места

Македонските села стареат и изумираат: Годинава нема да се гласа дури во 90 места

Секоја година, односно на секои наредни избори во Македонија се зголемува бројот на избирачки места на кои што нема да се гласа. За предвремените парламентарни избори на 15 јули нема да се гласа во 90 населени места, затоа што не постои економска исплатливост, односно таму живеат помалку од 10 потенцијални гласачи. Ова го констатираше ДИК на денешната седница, а тамошните жители правото на глас ќе може да го остварат во најблиското избирачко место.

- За жал оваа бројка се зголемува на секои следни избори, па така и на овој. Во општината Македонски Брод има 11 такви места, во Сопиште се две, Старо Нагоричане исто така две. Во општина Петровец на пример има три, во Кратово има три, во Пробиштип имаме 7. Во Чашка се 4, Штип се 3, Конче има три. Во Прилеп имаме 13, во Демир Хисар пет, во Кичево шест избирачки места. Во Маврово-Ростуше такви се шест, набројуваше Оливер Дерковски, претседателот на ДИК на денешната седница.

На минатите претседателски избори во мај 2019 не се гласаше на 82 вакви места, што значи дека за една година овие избирачки единици се зголемиле за осум. На првите избори во Македонија имало само 10 вакви избирачки места со помалку од 10 жители погодени од мигрантските текови и намалениот наталитет.

Слично

Поврзани вести