Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските репрезентативци со најслаба минутажа на ЕП 2020

Македонските репрезентативци со најслаба минутажа на ЕП 2020

На национално ниво, Англија е прва по просечниот број на минути на професионално клупско ниво што ги играат фудбалските репрезентативци на оваа земја-учесник на Европското фудбалско првенство, по кратката пауза поради пандемијата која ги затвори стадионите до мај 2020.

Со 4.442 минути. „Трите лава“ се рангирани пред Португалија (4.258) и Германија (4.214). На дното се рангирани Македонија со 2 595 минути, а потоа следуваат Велс (2 704) и Словачка (2 738).

Ова е заклучокот од последната студија на фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“, која ја анализираше активноста на играчите учесници на ЕВРО 2020 по паузата на шампионатите поради пандемијата.

Бруно Фернандеш е фудбалер со најмногу одиграни минути помеѓу 620 играчи кои се селектирани пд 24 репрезентативни тимови кои учествуваат на ЕП.  Од 16 мај 2020 година, играчот за врска за Португалија и Манчестер Јунајтед одиграл 81 натпревар, со вкупно 6.472 минути. 

Втор е Хари Мегваер со 6.449 минути на теренот на 72 средби, а трет е Џорџио Донарума со вкупно 6 420 минути. Најмалку играл фудбалерот на Велс, Робин Колвил, со само 209 минути од 16 мај 2020 година.

Слично

Поврзани вести