Македонските политичари биле србомани, така вели Џамбаски
За бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој денеска дојде во Скопје по повод чествувањето на 95 години од смртта на Мара Бунева, македонските политичари се србомани.
Кажа дека не сакаат наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македнија
„Тука присуствуваат Бугари од различни делови, организации, но заедно сме да кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува“, рече тој.
Џамбаски напиша “Еден народ! Две држави!“ во коментар на видеото во кое Бугари среде Скопје извикуваат “Мизија, Тракија, Македонија!“ алудирајќи на картата на Голема Бугарија. Симпатизерите на Џамбаски исто така се поклонуваат на како што велат „големата Бугарка“.
