Македонските навивачи тргнаа кон Букурешт, секој во своја режија
Македонските навивачи, главно на своја рака, од денеска тргнуваат кон Букурешт, каде што македонската фудбалска репрезентација за прв пат ќе настапи на едно Европско првенство и ќе ги игра првите два натпревари од својата група. Историскиот деби-настап е утре против Австрија од 18 часот.
Сепак нивниот број на трибините на Националната арена во Букурешт ќе биде ограничен поради условите кои ги дитира пандемијата. Максималниот капацитет на стадионот во романскиот главен град е максимални 33 отсто, а според продажбата на билети, Македонија ќе ја бодрат околу 2.000 навивачи.
Станува збор за купени билети преку „тикет-порталот“ на УЕФА, каде што за да добијат шанса да купите влезници, македонските навивачи мораше прво да аплицираат во Фудбалската федерација на Македонија, а оттаму да добиете код, со кој ќе имаат пристап за такво набавување на билети.
Македонската фудбалска репрезентација, за разлика од првите две средби, на 21 јуни против Холандија ќе игра без поддршка од трибините откако холандската амбасада во Скопје преку својот Твитер налог соопшти дека мерките во нивната земја за забрана за патување од трети земји, надвор од ЕУ, остануваат на сила.
Поради пандемијата со коронавирусот забранет е влез од земји со висок процент на заразени, а на таа листа се уште се наоѓа нашата држава. Токму затоа се очекува националниот тим да добие поголема поддршка од македонските иселеници со адреса на живеење од земјите од шенген-зоната.
- Билетот веќе ми е купен, откако аплицирав како обичен навивач во УЕФА. А во Холандија ќе дојдам од Германија, бидејќи мојата адреса на живеење е таму. Поседувам билет и за мечот со Австрија во Букурешт, но таму ќе тргнам в сабота од Скопје и веќе преку „Booking“ најдов престој за 20 евра од ден, вели Ивица Ј. од Диселдорф кој во моментов е на одмор во Македонија.
Инаку за Евро 2020 од Угостителско-туристичката комора не брифираа дека, иако се работи за големо фудбалско натпреварување, членките не работат со аранжмани поради немање билети во слободна продажба.
А.К.
