Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските министри земаат пониски плати од косовските колеги

Македонските министри земаат пониски плати од косовските колеги

Македонските министри имаат слични плати како српските колеги, но заработуваат помалку од министрите во другите држави. Во соседството повисоки плати имаат и премиерите и министрите на Грција, Албанија и Бугарија, а платите во Владата на Србија се приближно колку и македонските.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски има плата од 88.260 денари или безмалку 1.500 евра, додека платите на вицепремиерите и министрите се околу 70 тина илјади денари или речиси 1.200 евра.

Тоа е речиси двојно помалку од она што како плата го добиваат нивните косовски колеги. Во Косово, платата на премиерот изнесува 2.950 евра, на вицепремиерите е околу 2.500 евра, додека министрите имаат плати од по 2.000 евра.

Ако овие плати на македонските министри се споредат со владите од земјите во ЕУ, разликата е уште подрастична, анализира 24 инфо.

Платата на канцеларот во Австрија изнесува 22.640 евра, а на министрите е нешто над 18.000 евра, односно дури над десет пати поголеми од примањата на македонските министри.

Слично

Поврзани вести