Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕП: Поврзани се со власта, а слободата не е целосна

МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕП:  Поврзани се со власта, а слободата не е целосна

Во извештај на истражувачкиот центар на Европскиот парламент се вели дека слободата на медиумите на Западен Балкан не е целосна. 

Се наведува дека причина за таквата состојба е што државите во тој регион се соочени со политизација, проблеми во спроведување на законите и заплашување новинари, со пораст на автоцензура. 

Истражувачкиот центар на ЕП смета дека во Србија е нејасна сопственичката структура на медиумите и државното финансирање особено на локално ниво, дека во БиХ најголем број медиуми не откриваат информации за своите финансии и вистинска сопственост, а во Македонија дел од телевизиите се во сопственост на поединци кои се наводно поврзани со Владата.

Во извештајот кој носи наслов „Западен Балкан:тендови на слобода на медиуми“, стои дека автоцензурата е предизвикана како со суптилни така и со отворени влијанија, дека квалитетното новинарство е отежнато и дека се фаворизира „таблоидизација“.

Заплашувањето новинари е оценето како распространето, а се укажува и на проблеми со неказнивост на напади врз новинари.

„ЕП осудува политички притисок и широко распространета автоцензура, ги повикува државите да создадат безбедно медиумско окружување погодно за објективно и точно известување, и повикува на ефикасен судски систем, се вели во извештајот објавен пред Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај. ЕП потсетува дека слободата на медиумите е основна вредност на ЕУ и темел на демократијата и претставува приоритет за проширување“ - пишува во извештајот. 

Според нив, државите кандидати и понатаму се соочуваат со „системски недостатоци кои бараат долгорочни и континуирани напори“ кои во изминатите години се во застој што предизвика ситуација во која „нема напредок“.

Во извештајот пишува и дека недостигот од транспарентност и сопствеништво над медиуми како извори на финансирање и понатаму претставуваат проблем.

Слично

Поврзани вести