Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МАКЕДОНСКИТЕ КАМИОНЏИИ ДА СИ СТАНАТ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗА ДА НЕМААТ ПРОБЛЕМИ СО НОВИТЕ ПРАВИЛА“: Бугарскиот професор Ташев со провокативен повик на социјалните мрежи

„МАКЕДОНСКИТЕ КАМИОНЏИИ ДА СИ СТАНАТ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗА ДА НЕМААТ ПРОБЛЕМИ СО НОВИТЕ ПРАВИЛА“: Бугарскиот професор Ташев со провокативен повик на социјалните мрежи

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев, провокативно ги повика македонските камионџии да си извадат бугарски пасоши ако не сакаат да имаат проблем со новите правила за влез во ЕУ.

Коментирајќи ги протестите кои почнаа од вчера како реакција на превозниците од неколку балкански земји на новите правила на ЕУ, професорот на социјалните мрежи напиша дека Македонија во скоро време нема да влезе во унијата и од тие причини најдобро за македонските транспортери би бил бугарскиот пасош.

„Ја гледам оваа вест во скопските медиуми и размислувам неколку работи:

1. Тврдењето на медиумите дека станува збор за Македонија не е точно. Станува збор за Северна Македонија, која е само 36% од територијата на географскиот регион на Македонија. Само името Македонија создава збунетост и неосновани тврдења. Мора да се држиме до објективните факти.

2. Граѓаните на Северна Македонија си избраа влада која не им служи на северномакедонските туку на српските интереси. Оваа влада сосема свесно ги блокира евроинтеграциите на Скопје за Белград да не оди пред неа. Во ваква ситуација, не гледам поента на протести, бидејќи сегашната ситуација е предвидена. Одлуката е таму да не се гласа за зависни политичари кои се инфилтрирале во сите

3. Познавам многу возачи од Северна Македонија (и онака живеев таму 4 години, а никогаш не сум прекинал контакт) кои имаат бугарско државјанство и без проблем ги возат камионите во ЕУ. Затоа би им препорачал на повеќе возачи од Северна Македонија да станат бугарски државјани. Ништо нема да изгубат, само ќе добијат, затоа што Скопје и неговите владетели нема наскоро да започнат европски преговори.

4. Напишано од мене во т. 3 е еден спас. Но имам и идеја за групен спас на нашите браќа од северноМакедонци. Чекам ситуацијата да созрее и да почнам со реализација на оваа идеја“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести