Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските историчари го предложиле датумот 7 октомври за Гоце Делчев, бугарските избувнале

Македонските историчари го предложиле датумот 7 октомври за Гоце Делчев, бугарските избувнале

Драги Ѓоргиев, историчар и претседател на македонскиот тим во Заедничката комисија произлезена од договорот за добрососедство со Бугарија, во интервју за Дојче Веле откри дека бугарските политичари избувнале откако македонската страна го прелдожила датумот 7 октомври за заедничко чевствување на Гоце Делчев.

„Нашиот предлог – како ден за чествување на личноста на Гоце Делчев, меѓу другите јубилејни датуми, да биде и 7 октомври, денот кога во 1946 година неговите посмртните останки беа предадени на НР Македонија, од бугарска страна беше доживеан како провокација. Тоа беше образложено со фактот дека тоа е едно од најголемите национални предавства во Бугарија направено од комунистичкиот режим предводен од Георги Димитров, во контекст на соработката со Тито, а под притисок на Сталин, и дека за нив тоа е едно „отфрлено“ време. Во контекст на вашето прашање, моето чувство е дека тука не станува збор за историски дисконтинуитет, туку за перцепција на еден период од сопствената историја кој е крајно непожелен во сопствениот национален историски наратив и чии резултати не се прифаќаат, па дури може да се бара и нивна ревизија“, одговори Ѓоргиев на едно од прашањата.

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, претходно реагираше дека нема Бугарин, кој би прифатил одавањето почит кон делото на Делчев да биде на 7 октомври, затоа што „бугарскиот премиер Димитров под притисок на Сталин и Тито извршил предавство и ги предал неговите мошти“

Слично

Поврзани вести