Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И НАТАМУ ЗЕМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ: Колку издала Софија во 2024 година?

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И НАТАМУ ЗЕМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ: Колку издала Софија во 2024 година?

Македонските граѓани и натаму земаат бугарски пасоши. 

Минатата година скоро 1.700 граѓани на Македонија добиле бугарски пасоши. Податокот го има во годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, објавен од бугарското радио БНР, кое се повикува на податоци од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова.

Во текот на минатата година вкупно 16.500 луѓе го добиле бугарското државјанство, што претставува зголемување од 4.000 во споредба со 2023 година. Најголем број апликации пристигнале од Украина (2.400 лица), следени од Турција (2.200) и Молдавија (1.800). Македонија е на четвртото место со скоро 1.700 нови бугарски државјани.

Во 2024 година се издадени 227 декрети за промена на државјанство, а повеќе од 11.700 лица го добиле државјанството преку потекло или општа натурализација.

Истовремено, околу 4.500 луѓе го вратиле бугарското државјанство, а за 38 апликанти процесот на натурализација е прекинат поради различни нерегуларности, вклучувајќи и користење на фалсификувани документи. Одбиени се скоро 6.000 барања за бугарско државјанство. Македонските граѓани со години земаат бугарски пасоши со цел да заминат во државите од Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести