Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските граѓани без ПЦР-тестови ќе патуваат во Србија

Македонските граѓани без ПЦР-тестови ќе патуваат во Србија

Македонските граѓани ќе може да патуваат во соседна Србија без ПЦР-тестови, што е дел од Договорот кој денеска со Меморандум го потпишаа Зоран Заев и неговиот албански колега, Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ. Поради сличната епидемиолошка состојба во Македонија, Албанија и Србија, одлуката за проток на патници само со важечка лична карта е од огромен бенефит за регионалната економија, посочија балканските лидери на денешната онлајн средба.

-Инфекциите не познаваат националности и државни граници, затоа е многу важно да не ги затвораме границите меѓусебно. Туку заеднички да ја пребродиме кризата, исто така да продолжиме со нашата трговска размена, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Се очекува оваа одлука во текот на утрешниот ден да ја потврди и Владата на Србија.


Слично

Поврзани вести