Македонските гласачи од Берлин „најчесни“
Македонските државјани пријавени за гласање во првиот круг од претседателските избори во Берлин излегоа „најчесни“ и дури 64,47 отсто од нив денеска го оствариле своето право, соопшти Државната изборна комисија пред завршувањето на гласањето во странство.
Просекот на излезеност во странство е 38,51 отсто од пријавените, но тука не се земаат во предвид гласовите на Македонците во САД и Канада бидејќи таму е различна временската зона и гласањето замо што започна од другата страна на Атлантикот.
До 18.30 часот по степенот на излезност следуваат Букурешт (64,29%), Загреб, (61,11%) Сараево (61,70%) и Хаг (60%), додека најмала излезност имаше во Венеција (26,55%), Копенхаген (30,77%) и Абу Даби (30%).
Излезноста во затворите е 55 отсто, додека од 12-мина кои во моментов се во куќен притвор, гласале седуммина.
