Македонските гласачи најактивни во Прага
Од пријавените македонски државјани за гласање на претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништа (ДКП) во Европа засега најголема активност има од нашинците во Прага, соопшти ДИК,
Излезноста таму е 23,4 отсто, а најниска е евидентирана во Истанбул - 3,57 проценти, соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугуческа.
Во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67. Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот по локално време во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти.
Според временската зона, гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.
Гугуческа информира дека денешното гласање во затворите се одвива не пречено и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.
-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви проблеми, истакна Гугуческа.
Прв пат за претседателските избори се гласа и во два старечки дома, и притоа 71 лица имаат право да искажат својата поддршка.
