Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските државјани да ја напуштат Украина, МНР повика граѓаните да не патуваат во оваа земја

Македонските државјани да ја напуштат Украина, МНР повика граѓаните да не патуваат во оваа земја

Македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина. Ваков апел денеска упати Министерството за надворешни работи (МНР). 

„Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата“, велат од МНР. 

Инаку, Стејт департментот издаде ново безбедносно предупредување и ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина. Претседателот Владимир Путин и натаму вели дека Русија „нема планови за инвазија на Украина“. За САД состојбата во Украина е загрижувачка. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести