Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски дониран тенк уништен во Херсон

Македонски дониран тенк уништен во Херсон

„Милитарист“ објави видео во кое тврди дека од страна на руската армија при напад на областа Херсон е уништен тенк дониран од Македонија.

„Оштетен и уништен во близина на Херсон БТР-70. Според нашите информации, 50 од овие машини се добиени од Северна Македонија и префрлени на групата во Херсон“, објави „Милитарист“.


Македонската влада тогаш, покрај другото, од Украина купи 32 тенкa од моделот Т-72А. Министерството за одбрана во меѓувреме објави дека намерата е сите тенкови (30-ина, колку што се исправни) да бидат донирани во Украина. 

Веројатно е направен договор (по примерот на Полска, Чешка, Словачка, Бугарија, Романија) употребливото тешко вооружување од советско производство да и се даде на Украина а за возврат да се добијат поповолни услови за набавка на американско вооружување.


Слично

Поврзани вести