Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонскиот премиер го пушти во употреба локалниот пат Струмица – Попчево

Македонскиот премиер го пушти во употреба локалниот пат Струмица – Попчево
Денеска беше пушен локалниот пат со кој се поврзуваат Струмица со селата Попчево, Рич и Белотино. Свеченоста ја отвори македонскиот премиер, Никола Груевски кој истакна дека  додека сите политичари ветувале, само  неговата Влада го исполнила даденото ветување. „Сите сме сведоци дека долги години наназад многу политичари и партии ветуваа дека ќе го направат овој пат од Струмица до Попчево. Сепак, изборите доаѓаа и заминуваа, ветувањата се даваа и се забораваа, а патот остануваше ненаправен. Сите граѓани кои од Струмица одеа кон Попчево, браната Водоча, комплексот Цареви Кули и другите населени места, мораа да вртат преку патот од Раборци. Ние ветивме дека ќе го направиме патот и за разлика од некои други го исполнивме ветувањето“, изјави Груевски. Патот е долг 6 километри и чини околу 615 илјади евра, а во меѓувреме се работи и на патот од Валандово кон Попчево, како и на санацијата на оштетениот мост помеѓу Попчево и Раборци.  
Слично

Поврзани вести