Македонскиот пасош помоќен од албанскиот, косовскиот, босанскиот
Рангирањето на „Henley and partners“, покажа дека македонскиот пасош е рангиран на 42-та позиција годинава.
Македонците во 125 земји можат да патуваат без визи.
Ова рангирање се прави според визната класификација, односно за колку земји е потребна виза.
Македонскиот пасош е пред пасошот на Русија, Албанија, Грузија, Турција, БиХ, Катар, Бахреин.
Словенија е на 11-то место, Хрватска на 20-то, Србија на 40-то, БиХ на 49-то, а Црна Гора е на 45-то место.
На првото место се пасошите на Јапонија, потоа следат Сингапур и Јужна Кореја, а зад нив се Германија, Данска, Финска, Франција, Италија, Шведска, Луксембург и Шпанија. Зад Шпанија, се Австрија, Холандија, Норвешка, Португалија, Швајцарија.
На последното место се пасошите на Авганистан и на Ирак.
Пасошот на Косово е на 95-тото место заедно со Шри Ланка и Конго.
