Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонскиот олимписки медалист не е задоволен од ваучерот од АМС: Не е според моите заслуги

Македонскиот олимписки медалист не е задоволен од ваучерот од АМС: Не е според моите заслуги

Освојувачот на златниот олимписки медал во таеквондо на Олимпијадата во Токио, Дејан георгиевски, објави статус на Фејсбук во кој вели дека висината на вредноста на ваучеро кој го добил од Агенцијата за млади и спорт е несоодветен на неговите заслуги.
Најуспешниот македонски олимписки претставник во историјата додава дека ваучерот кој го добил не му влева мотивација за следниот предизвик во Париз на Летните олимписки игри во 2024.

„Фала му на Господ тренирам како никогаш до сега, живеам за моментот кога повторно ќе ја израдувам Македонија, роднините, пријателите, целиот народ ! Тренерите, клубските другари сите сме фокусирани на Париз, ние сме одлучни, Господ ќе реши.

Овој пат сакам да се обратам токму на мојот народ, на новинарите, на сите оние кои се радуваа заедно со мене кога стигнавме до историскиот сребрен медал, се обраќам до сите оние кои конечно по долгиот олимписки мрак видоа светлина за македонскиот олимписки спорт, до сите што се почуствуваа горди и исполнети, до сите оние кои кога го видоа македонското знаме на олимпискиот трон се почуствуваа македонски !

Очекувано бев прогласен за најдобар спортист во 2021 година, но ни малку не очекувано денес дознав дека спортските ваучери кои ги доделува АМС т.е вчерашната одлука за ваучери се надевам не свесно цели да го понижи мојот НАШИОТ олимписки успех, мојот олимписки сребрен медал, прв во историјата на независна Македонија.

Никогаш нема да си дозволам да нападнам било чив спортски успех, најпрво затоа што така ме воспитале моите трнери а потоа затоа што многу добро знам што значи спортскиот витешки мегдан, без разлика за кој спорт станува збор.

Но никако не можам да раберам како било кој друг спортист во овој момент може да има поголема финансиска добивка со спортски ваучер од мојот успех, никој здраворазумен во нашата држава нема да најде здрава логика во ова што беше направено вчера од страна на комисијата за доделување ваучери при АМС. Срамно !

Не сакам ни да помислам дека станува збор за намерно и свесно напаѓање на сребрениот олимписки медал, уште помалку не сакам да помислам дека во сето ова е вмешана политика или нешто слично“, пишува во својот статус Георгиевски.

Тој бара, како што пишува, уште денеска оваа неправда да биде решена, поради принципиелни причини и дека парите не му се мотив туку Македонија.


Слично

Поврзани вести