Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ ПОКАЖА КАКО ХУМАН, СОБРАНИ СЕ ПАРИТЕ ЗА КИКО - се стопираат броевите за донации

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ ПОКАЖА КАКО ХУМАН, СОБРАНИ СЕ ПАРИТЕ ЗА КИКО - се стопираат броевите за донации

Брат мој.
Ова е последната објава на јутјуберот Стефан Лазаров на социјалната мрежа фејсбук околу малиот Кико, за кој, пак, пред околу еден час стигна информацијата дека се обрани средствата за негово лекување во Турција. 

„Парите за Кико се собрани!!!! 

Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат…

Македонскиот народ се покажа уште еднаш како хуман и колку можеме да бидеме јаки кога сме сплотени. Фала ви од срце“, напиша Лазаров. 

Претходно, пак, беше објавено дека за идната недела ќе се организира концерт на кој неколку естрадни звезди ќе пејат за Кико. 

Слично

Поврзани вести