Македонскиот јазик и идентитет ќе се тргнат од извештајот за Македонија?
Зборовите „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ да отпатднат од нацрт извештајот за напредокот на Македонија – Ваков договор постигнале трите најголеми политички сили во Европскиот парламент, тврди европратеникот Андреј Ковачев.
Како што пренесува БГНЕС, барањето дошло од групата на Европската народна партија, социјалистите и либералите, по што дошло до согласност да се отстранат сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Македонија.
„Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница“, објави Ковачев.
Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за Македонија во кој на неколку места директно се споменуваат „македонскиот идентитет и јазик“.
