Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонскиот и бугарскиот биле како романскиот и молдавскиот јазик, вели Ташев

Македонскиот и бугарскиот биле како романскиот и молдавскиот јазик, вели Ташев

Еден јазик со две имиња, вели Спас Ташев од Бугарската академија на науките (БАН) за  бугарскиот и македонскиот јазик. Тој ова го кажа на промоција на „Белата книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“. За да ја поткрепи својата теза, тој го наведе примерот со Романија и Молдавија.

„Според Уставот на Молдавија, нејзин официјален јазик е молдавскиот, кој во суштина и во пракса е литературен романски. Мислам дека, ако имаат добра волја, Бугарија и Република Северна Македонија можат да се поучат од овој пример и да побараат некакво заедничко решение“, вели тој. 

Во книгата се спори посебноста на македонскиот јазик, кој го нарекуваат скопска норма. 

Во Софија е презентирана таканаречената „Бела книга за јазичниот спор меѓу Република Северна Македонија и Бугарија“ која треба да се преведе на неколку јазици и да се шири во светот за да ја засили бугарската пропаганда во однос на нашата држава и да ги убеди земјите во Европа во вистинитоста на аргументите околу бугарскиот карактер на нашиот јазик. 

„Белата книга“ за јазичниот спор ја напишаа тројца автори од Република Северна Македонија, тројца од Бугарија и по еден од Албанија и Србија. 

Слично

Поврзани вести