Македонски железници ќе инвестира 50 милиони евра за обнова на возниот парк
Македонски железници ќе го обновуваат возниот парк со 150 нови товарни вагони. Средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а проценетата вредност на инвестицијата е 50 милиони евра од кои за товарните вагони се очекува да бидат потрошени 15 милиони, за патничките 25 милиони и 10 милиони за рехабилитација на постојните вагони.
До 10 септември треба да бидат доставени понудите за товарните вагони по што ќе следува периодот на евалуација и потпишувањето на договорот до крајот на годината, а новите товарни вагони се очекува да бидат доставени во текот на следната година.
Слично
