Македонски железници го прославува празникот со Велигденски воз
Македонски железници Транспорт АД – Скопје ќе се приклучи на прославата на најголемиот Христијански празник Велигден со посебен „Велигденски воз“ кој ќе биде специјално украсен.
Станува збор за еден од новите возови кој ќе сообраќа на релација Скопје – Гевгелија – Скопје на кој ќе бидат забележливи мотиви од Велигденското чествување од македонската христијанска традиција, соопштија од Македонски железници.
„Велигденскиот воз“ ќе биде одлична можност за сите патници да уживаат во своето патување и да го почувствуваат духот на претстојниот празник, велат од Железница.
Слично
