Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски ученици земаа четири медали на третата Балканска олимпијада по физика

Македонски ученици земаа четири медали на третата Балканска олимпијада по физика

Ученици од Македонија освоија медали на третата Балканска олимпијада по физика, што се одржа од 24 септември до 2 октомври. 

Сребрен медал добија Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и Мајкл Георгиевски – трета година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Бронзени медали oсвоија ученичките Емилија Николовска – втора година во „Математичко – информатичка гимназија“ и Сандра Недановска – трета година во ПСУ „ Јахја Кемал“, и двете од Скопје.

Водачи на тимот на Третата Балканска Олимпијада беа м-р асс. Христијан Кочанковски – лидер и проф. д-р Ламбе Барандовски – заменик лидер.

Третата Балканска Олимпијада по физика е организирана од Балканското унија на физичари и Бугарското друштво на физичари.

Поради ковид пандемијата Oлимпијадата се одржа на далечина, а локални организатори беа Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На Oлимпијадата учествуваа 57 ученици од Македонија, од Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Романија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Туркменистан, Казахстан и Иран.

Слично

Поврзани вести