Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски Телеком го потврди новиот Одбор на директори

Македонски Телеком го потврди новиот Одбор на директори

Телекомуникацискиот оператор Македонски Телеком АД Скопје ги потврди отповикувањата на мандатите на претходниот состав на Одборот на директори и на Собранието на акционери исто така ги потврди мандатите на новите членови на Одборот на директори. 

Во Одборот на директори на Македонски Телеком АД Скопје потврдено е отповикувањето на Панче Кралев, Жарко Луковски, Небојша Стајковиќ, лександар Стојков и Владимир Здравев како неизвршни или независни членови на Одборот на директори со што исто така им престануваат и сите досегашни функции. 

Од денеска,13 октомври 2017, како нови членови на Одборот на директори на Македонски Телеком АД Скопје назначени и одобрени од Собранието на акционери се Горан Трајановски за Неизвршен член, Сашо Велески за Неизвршен член, Анета Симеска Димоска за Неизвршен член, потоа Замир Мемети кој е Неизвршен Независен член на одборот и Дивна Јовковска - Ефтимоска за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото. 

Собранието на Друштвото го ре-избира Назим Буши за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година. 

Потврдени се оставките на Сузане Крогман и Михаел Франк, државјани на Република Германија од позициите Независен, односно Неизвршен член на Одборот на директори на друштвото.

Мандатот на избраните членови на Одборот на директори на Друштвото изнесува 4 години.


Слично

Поврзани вести