Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА Ѝ ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА Ѝ ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

30 годишен наркобос од Македонија уапсен на аеродромот во Женева и потоа екстрадиран во Австрија (баран по потерница од ЕУ распишана 2022 година), пишува blick.ch.

Како што пишува медиумот, тој го сменил името и најверојатно се надевал дека швајцарската полиција нема да го фати. На 29 јануари, сепак бил уапсен на аеродромот во Женева. 

„Уапсен Македонец (30), кој допатувал од Приштина. Се претпоставува дека е шеф на нарко-мафија која оперира низ Европа. Јавното обвинителство во Линц, Австрија, го обвинува мажот дека, меѓу другото, стои зад шверцот на четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Затоа 30-годишникот се бара со потерница на ЕУ од 2022 година“, пишува швајцарскиот медиум, повикувајќи се на полициски извори.

Слично

Поврзани вести